Вакцинираните со Спутник ќе може да влезат во Австралија

t

Австралиското Министерство за внатрешни работи дозволи влез во земјата на странски државјани кои биле вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“ против коронавирусот, се вели во информацијата објавена на веб-страницата на тоа министерство.

Одлуката за признавање на таа вакцина, која ја разви рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, е донесена врз основа на одлуката на австралискиот фармацевтски регулатор од 17 јануари, пренесува руската агенција ТАСС.

„Вие се сметате за целосно вакцинирани за патување во Австралија и од Австралија ако сте примиле терапија со вакцина одобрена или признаена од Управата за терапевтски производи (TGA)“, се вели на веб-страницата на Министерството, додавајќи дека Спутник В е вклучена во одобрените и признаени вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинираните со Спутник ќе може да влезат…

Австралиското Министерство за внатрешни работи дозволи влез…

Шokaнтни податоци од Шкотска: Heвakцинираните пopeтко се…

Сега е поголема веројатноста целосно вакцинираните Шкоти…