Објавено на:

Валериј Залужни, главниот украински командант, за „Вашингтон пост“ призна за нападите врз руска територија

t

Главниот командант на украинските сили Валериј Залужни во интервју за американскиот Вашингтон пост призна дека имало украински напади врз руска територија.

Тоа е наш проблем и од нас зависи како да го уништиме овој непријател. Во војна е можно и неопходно да се убие на територијата на непријателот, рече тој.

Артилериски оган и оган од беспилотни летала од Украина се најчестите и повторливи цели на руските погранични области.

Новинар од американскиoт весник забележа дека властите во Киев обично не ги признаваат прекуграничните напади.

Залужни рече дека оружјето произведено во Украина се користи во чести прекугранични напади.

Ако нашите партнери се плашат да го употребат своето оружје, ние ќе убиваме со своето, рече Залужни, алудирајќи на условот што го наметнаа западните сојузници, а тоа е дека испорачаното сојузничко оружје не смее да се користи за напади врз руска територија. Зошто, за да го спасам мојот народ, треба да барам дозвола од некого што да правам на непријателска територија?, праша Залужни.

Во написот објавен во „Вашингтон пост“ пишува и дека Залужни сака да го врати црноморскиот полуостров Крим, што беше анектиран од Русија во 2014 година.

Штом ќе имам средства, ќе направам нешто. Не ми е гајле – никој нема да ме спречи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…