Ванковска: Враќањето на оградата поприоритетно од враќањето на името

t

Професорката и екс-кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска ја коментираше одлуката на Владата за враќање на оградата околу владината зграда. Ваквиот потег, професорката го оцени побитен за Владата отколку враќањето на старото уставно име.

-Враќањето на оградата се покажа како поприоритетна задача од враќањето на името коешто остана за некои други генерации. Интересно, смената на власта ја очитуваме преку вадење и ставање ограда, објави Ванковска на Фејсбук..

Вчера беше поставена металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од вчера наутро ја местеа.

„Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, рекоа од Владата на 2-ри јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Влада: ДПИ за три дена да изврши…

На владината седница се донесе одлука со…

Владата ги донесе законските измени – онлајн…

Влада на денешната 57-ма седница го донесе…

ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…

Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…

(Документи) 24 МИЛИОНИ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ…

ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ денари Владата ќе плаќа за…