Ванковска: Државата постои за граѓаните, а не граѓаните за државата

t

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска претставувањето на програмата за претседател на Македонија го продолжи со средби со граѓани во Струга.

-Сега сум во Струга, еден град кој ме враќа дваесетина години наназад, во времето на отпорот на стружани кон територијалната организација која тогаш беше воведена. Можам да кажам дека мојот прв говор, обраќање од улица, пред граѓани беше овде. Градот е секако изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана центарлна власт и секако младите кои заминуваат. Практично се брише и дел од минатото. Особено ако се земат и неколку потези кои се преземени овде во едно националистичко влијание би рекла овде особено по училиштата. Карти на големи држави, поставување на спомен плочи кои го слават наследството од Голема Албанија од Втората светска војна и слично, истакна Ванковска.

Во Струга Ванковска имаше средби со голем број жители од повеќе етнички групи.

– Еве пред малку имав средба со еден граѓанин Албанец, а на прашањето „Кога живеевте подобро“, тој вели „Во оноа време на бивша Југославија имаше ред и се разбиравме. Сега ни ред има, ни поредок“. Ние мора да свртиме нов лист за заедничко добро, без оглед кој сме, што сме, какви сме. Денес овде во Струга ми приоѓаа од оџи до граѓани од различни етнички групи. Навистина преубав дочек. Ми приоѓаат луѓе со кои споделуваме минимални барања за ред, поредок. Значи мојата порака е да се знае дека државата постои за граѓаните, а не граѓаните за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ