Ванковска за изјавите на Ковачевски и Владата: Не ми е мака што се вака проѕирни и приглупи, ама мака ми е што нас не’ сметаат за овци!

t

Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук ги коментира изјавите на функционерите на СДСМ, пред се на премерот Ковачевски дека германскиот претседател Штајнмајер ја читал македонската литература, па употребил цитат од Блаже Конески за време на неговиот говор.

– Мора да си или абдал или пропагандист да тврдиш дека германскиот претседател седнал да ја чита нашата литература и да напише говор за посетата на Македонија! Па уште паѓаат во транс од егзалтација! Знаете ли кои им работат како формални или неформални советници во амбасадите, кој им оди на вечери во резиденции, од каде би „чул“ Штајнмајер за Пиреј или за Делчев?

Не ми е мака што се вака проѕирни и приглупи, ама мака ми е што нас не’ сметаат за овци! – напиша Ванковска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ