Коалиционите партнери на Мицкоски се закануваат со војна!
Најавата дека албанските општини сами ќе си го бараат патот кон ЕУ е закана со војна, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска откако денеска пратеникот Скендер Реџепи ова го посочи од собраниската говорница на денешната седница за уставни измени.
-Овие се закануваат со војна! Преку најава на заедница на општини кои би барале влез во ЕУ!
Зачленувањето на Македонија во ЕУ уште одамна во еден труд го споредив со приказната за Бенџамин Батон: колку поблиску, толку одење назад кон непостоење.
Сите национализми создаваат “совршена бура” – со благослов на ЕУ, нејзините членки и САД.