Ванковска: Каква независност побогу? Тажно е, мачно е, простете оваа земја е туѓа

Мачно е, оваа земја е туѓа вели професорката Билјана Ванковска во нејзиниот Фејсбук статус по повод Денот на независноста на Македонија.
– Цело утро се мислам дали и како да честитам празник. Лаптотпот од вчера ме потсетува дека цел ден ќе бил Independence Day. Си мислам: каква независност, побогу?
Се’ што се случуваше од 1991 година наваму беше втемелено на лажна флоскула за божемна државна и национална независнот, а во стварноста не’ ограбија со криминална приватизација, се сторија газди и политичари (елита божем), распродадоа се’ што им беше оставено во наследство, израснаа генерации кои едвај чекаат да заминат од овде или кои страдаат од депресија, здравство нема – приватизирано, образование – без образ, како штампарија за штанцање безвредни дипломи, државните сили (полиција и војска) служат туѓи интереси (како газда каже), медиумите финансирани од странство за да перат мозоци и да не’ „европеизираат“, невладин сектор како филијала на странските центри на моќ, економија – со сите нијанси на сиво и сега води кон црно (црна дупка), енергетика – а што беше тоа, зраем не сме земјата во која вечно сонцето грее? Култура? Хмм… Меѓуетнички односи – нема, бидејќи биетничкиот брак од интерес функционира со закани и чизми на таванот.
Овде дури ни инаетот не цвета, а и пирејот е само метафора.
Навистина не знам што славиме! Овие што денес ќе одржат некој говор и остават цвеќе на нечиј гроб или споменик се токму оние коишто ги избришаа и АСНОМ и референдумот од 8 Септември. Како да славиме роденден на покојник. И посакуваме – за многу години!
Тажно е, мачно е, оваа земја простете е туѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…