Објавено на:

Вардар и натаму тоне… Изгуби и од Пелистер

t

Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дербито со Вардар (1-0) во 13. коло на ПМФЛ. Со голот на Мирко Ивановски битолчани дојдоа до победата доцна во судиското продолжение.

По натпреварот, својот став го изнесе тренерот на Пелистер, Влатко Костов. Тој беше задоволен од прикажаното на своите фудбалери.

„На теренот се водеше бескомпромисна и фер борба. Имаше емоции од двете страни и желба за победа, но како што ние заслуживме повеќе на првиот меч, денес Вардар заслужи нерешено. Тогаш среќата беше на нивна страна, а сега беше на нашата.

Моите момци со желбата и со сè прикажано, едноставно изгореа на теренот. Ова ни е подарок за досегашната работа, за да дојдеме до средината на табелата. Се надевам дека ова ќе биде психолошки момент за да играме растеретено до зимската пауза. Сакам да ја израдуваме нашата публика со уште позитивни резултати“, изјави Костов.

Пелистерци имаат 16 бода и котираат солидно на табелата во ПМФЛ, додека Вардар и натаму „тоне“.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…