Вардар не запира: Нова победа, овој пат во Велес за три бода
Рутинска победа на Вардар кој се враќа од Велес со три бода, откако беше подобар од домаќинот Борец со убедливи 0:3.
Се беше јасно уште по првиот дел, кога Владимир Жоглев со два гола донесе предност на полувреме од 0:2. Во вториот дел Грначаров им даде шанса и на помладите фудбалери, а еден од нив – Јусуфи погоди за убедливи 0:3 и значајни, нови три бода.
Вардар со оваа победа останува на лидерската позиција, со исто толку бодови како и Воска, додека Гостивар падна на 3.место откако денес одигра нерешено со екипата на Пелистер.
Во следното коло Вардар е домаќин, овој пат на екипата на Караорман во сабота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…