Вардар одново му одржа ракометна лекција на Пелистер
За само 11 дена, Вардар повторно успеа да го победи тимот на Еурофарм Пелистер, овој пат на натпревар во Супер Лигата. Црвено-црните одиграа добар натпревар и победија со резултат 30:25.
Вардар одигра одлично прво полувреме, во кое се стекна со предност од 15:12. По 12.минути игра, црвено-црните имаа предност од 6:1, беше и 8:3, за екипата на Еурофарм Пелистер во продолжение од натпреварот да ја смали разликата. Томовски беше одличен на голот со 8 одбрани, од кои 3 беа од ударите од седум метри. Со голот на Петриќ предност од 14:11, додека во последниот напад погоди Јасухира за на полувреме да заминеме со водство од 15:12. Милан Лазаревски беше најефикасен ракометар со 4 постигнати голови, додека Кусоке Јасухира и Стефан Петриќ имаа по 3 погодоци.
Второто полувреме започна со погодок на Јагуриновски со се зголеми водството на 16:12. Томовски стигна до својата деветта одбрана, додека Лазаревски со својот петти гол донесе предност од 17:12. Вардарци продолжија со добрата игра и по 36 минути играа имаа највисоки шест гола предност (19:13), откако од крило погоди Срдановиќ, а Томовски одбрани зицер на противникот. Томовски брани нов седмерец, вкупно четврти на овој дерби натпревар, а 12 одбрана зад неговото име. Пелистер успеа да сврзе неколку гола во серија и да намали на 21:18, што беше знак за Стоилов да побара минута одмор. На помалку од девет минути игра, Вардар имаше предност од три гола разлика. Вардар го имаше и расположениот Николиќ кој го „решеташе“ голот на Пелистер, ние имавме и 28:23 на четири минути пред крајот. Томовски стигна и до 13 одбрани, а во салата ечеше вардаровата песна. Вардар слави голема победа со резултат 30:25.
Најефикасни кај Вардар беа Лазаревски и Срдановиќ со по 6 голови, Томовски одбрани 14 топки, 4 беа седмерци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…