Вардар: Срамно е што на Чаир наместо фудбалот доминираше – политиката!

t

Дербито меѓу Шкупи и Вардар (2-0) во Чаир го одбележа однесувањето на домашните навивачи и нивните изливи на национализам и шовинизам, по што следеше реакција од најтрофејниот македонски клуб.

Вардар го осуди вчерашното националистичко дивеење на трибините од страна на домаќините, кои неколку пати ги гаѓаа вардаровите фудбалери и со пиротехнички средства.

„Црвено-црните“ побара реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да ги казни навивачите поради кои наместо фудбалот доминираше политиката.

„Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир. За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки, кои немаат никаква врска со спортот. Недозволиви беа пораките, со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво. Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано. Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал вчера, наместо да доминира фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани. Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги превземат неопходните мерки, со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат“, соопшти Вардар.

https://www.facebook.com/FKVardarSkopje/videos/1308095697253728

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…