Вардар ѝ се одмазди на Воска и се врати на врвот во ВМФЛ!
Дербито на Македонија во Втората фудбалска лига му припадна на Вардар кој заслужено ја победи екипата на Воска Спорт со резултат 2:1 и се врати на лидерската позиција на табелата.
Вардар тргна силовито уште од стартот. Христов за малку не погоди по само неколку минути игра. Не се чекаше многу добрата игра на Вардар да биде крунисана, па така со гол на Десниќ, Вардар дојде до 1:0. Потоа следуваше вистински фудбалски спектакл. Мицевски со удар од преку 25-метри феноменално го погоди голот и донесе висока и значајна предност од 2:0 со што се замина и на пауза. Во вториот дел, Вардар немаше среќа да дојде до 3:0. Една акција на домаќинот при удар на Христов заврши во дирекот од голот на гостинот. Кога се чинеше дека Вардар ќе приврши рутински, дојде едно невнимание и пенал за гостинот. Емини успешно погоди за 2:1. За среќа, до крајот на дуелот Вардар рутински доврши, а промаши и една нова 100% шанса за гол преку Маркоски.
Со оваа победа, Вардар се врати на врвот.
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…