Вархеји: Местото на Србија е во ЕУ

t

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Европската недела на можности, која започна денеска во Белград, е симбол на долгогодишното партнерство меѓу Европската унија и Србија и дека го покажува целиот опсег на можности што ЕУ ги нуди на граѓаните, бизнисите и институциите на Србија.

„Го направивме проширувањето на ЕУ еден од највисоките приоритети на нашата политичка агенда. Работиме интензивно за да ви донесеме некои од придобивките од членството во ЕУ дури и пред вашиот целосен пристап“, рече Вархеји во видео пораката емитувана на почетокот на „ Европска недела на можности“ која се одржува во Белград.

Тој го истакна Планот за раст за Западен Балкан како главна алатка, наведувајќи дека тој претставува основа за забрзана постепена интеграција и додаде дека целта на планот е Србија и сите партнери од Западен Балкан да бидат подобро подготвени и да поминат низ побрз процес на пристапување.

„Планот за раст има за цел да го поттикне социо-економскиот развој и зближувањето на регионот на ЕУ со потенцијал да ги удвои економиите на Западен Балкан во следната деценија. Истовремено, планот ја промовира економската интеграција во регионот преку заеднички регионален пазар“, рече Вархеји, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека Србија има место во Европската унија и дека ЕУ е целосно посветена да ја поддржи Србија на патот кон модернизација, раст и реформи неопходни за членство во ЕУ.

„Ние сме ваши партнери на ова патување и убеден сум дека ќе успееме заедно. Бараме од вас максимално да ја искористите неделата на можности на ЕУ, за да можеме да напредуваме на нашиот заеднички пат“, заклучи еврокомесарот.

Втората по ред Европска недела на можности под слоганот „И ти можеш“ почнува денеска во Белград и Ниш, а ќе трае до 27 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вархеји: Местото на Србија е во ЕУ

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави…

Уапсен е возачот на српската војска, откако…

Уапсен е возачот на српската војска кој…

Петчлено семејство загина во судир на автомобил…

Петчлено семејство погина во судир на автомобил…

Задолжителниот воен рок во Србија треба да…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави…

Фон дер Лајен потврди: 160 милиони евра…

Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка…