Вархеји: Сите во Македонија да застанат зад европската иднина на државата
Процесот на скрининг на земјава со ЕУ, следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Македонија, беа меѓу главните теми на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
– Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската перспектива на Македонија. Сега е најважно да сме фокусирани на реформите и да останеме на европскиот пат. Тоа е наша обврска и задача која им ја должиме на граѓаните, да обезбедиме просперитет и напредок на земјата, рече Маричиќ на состанокот.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Унијата, го брифираше еврокомесарот за проширување Вархеји за скрининг состаноците и за подготовките за билатералниот скрининг, како и за посветеноста и мотивацијата која ја имаат институциите на земјава за процесот.
Еврокомесарот Вархеји на Маричиќ му посака успешен скрининг и испрати порака да останеме силно посветени на европската реформска агенда, како и на градењето на добрососедски односи со Бугарија и напредокот во исполнувањето на обврските од страна на двете држави.
Вархеји потенцираше дека сега е најважно сите во Македонија да застанат зад европската иднина на земјата и да помогнат во процесот на преговори со Европската Унија, додавајќи дека тоа е процес кој е важен за иднината на државата и процес кој носи подобар живот за граѓаните.
На состанокот беше разговарано за последните подготовки за потпишување на Договорот со Фронтекс, кој ќе биде потпишан кон средината на октомври, но и за економски теми, во пресрет на зимата која доаѓа и предизвиците со кои ќе се соочиме, предизвикани од енергетската и економската криза.
Во таа насока Маричиќ и Вархеји разговараа и за Инвестицискиот план на ЕУ за Западниот Балкан и за забрзување во реализацијата на регионалните проекти, особено оние од инфраструктурата и енергетиката.
Инаку, денеска во Брисел продолжува скрининг состанокот за поглавје 24 „Правда, слобода и безбедност”, кој ќе трае два дена, а веќе наредната недела продолжуваат состаноците за поглавје 23 „Правосудство и темелни права”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…