Вархеји: Собранието покажа дека е спремно, Уставните измени мора да се случат!

Преговорите почнаа, но тие можат да бидат блокирани во моментот кога ќе треба да се отвори Уставот, бидејќи такви најави испрати македонската опозиција. Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, изјави дека уставните измени мора да се случат, бидејќи, како Владата, така и Собранието презеле одговорност да го продолжат европскиот пат. Тој ја повика македонската опозицијата да биде рационална и да работи за иднината на Македонија.
„Францускиот предлог вклучува дел од надлежностите на Собранието и затоа беше многу важно да се слушне Собранието – дали е подготвено да влезе во едно такво решение. Јасно кажа дека се подготвени на такво нешто. Се надевам дека отсега сите партии, вклучително и опозицијата, ќе работат за европската иднина и нема да почнуваат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред“, вели Оливер Вархеји.
Од друга страна, премиерот Ковачевски, на став дека е одговорност на секој политичар да размислува на иднината на новите генерации и на земјава, затоа, како што вели пратениците во Собрание треба да гласаат „за“ уставните измени.
Првата политичка Меѓувладина конференција се одржа денеска, а втората се очекува да се случи веднаш по усвојувањето на уставните измени кои ги бара Бугарија. Инаку, денеска и официјално почна скрининг процесот кој ќе трае две и пол години.
Извор: ТВ 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…