Објавено на:

Василев: Францускиот предлог веќе не е наш проблем туку на соседите

t

Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и веднаш се осврна и на случувањата во земјава околу францускиот предлог.

Според него, во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог. Василев нагласи дека Бугарија би требала да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“

„Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Северна Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, изјави Асен Василев, Мандатар за составување на Владата на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…