Васко Довлев од Варош го извади осветениот крст од Охридското Езеро
Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.
Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев.
Васко Довлев потоа беше даруван со пригодни подароци.
Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро. Иако дуваше силен ветер, температурата беше 12 степени, а температурата на водата беше околу девет степени по осветениот крст влегоа голем број верници
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…