Ватикан и Скопје ќе развивале пријателски и искрени меѓусебни односи
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица, надбискупот Пол Ричард Галагер, кој е во возвратна посета на нашата земја.
Заемно беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, втемелени врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовни традиции.
Сакам да го истакнам фактот дека меѓу Ватикан и Скопје се развиваат блиски, пријателски и искрени меѓусебни односи. Тие почиваат на нашата традиционална поврзаност, олицетворена во Гонџe Бојаџиу, родена овде во Скопје, нашата Мајка Тереза, која со својата хуманост и милосрдие, длабоко се вкорени како светица во римокатоличкиот систем на вредности. Враќајќи се наназад ќе дојдеме и до светите апостоли Кирил и Методиј, кои исто така претставуваат столбови на културниот образец на Европа, и цврст мост кој ги поврзува Македонија и Ватикан, истакна Османи.
Заблагодарувајќи се за учеството на надбискупот Галагер на тукушто одржаниот Преспа Форум Дијалог во Охрид, министерот Османи го информираше својот хомолог за најновите состојби и предизвици во процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.
Мислам дека имавме плодна дискусија, со навистина значајни теми, особено фактот што доминираше низ текот на целиот форум, дека Западниот Балкан, недвосмислено припаѓа во Европската Унија, а Македонија доби поддршка практично од сите учесници за отворање на преговорите со Унијата уште за време на Француското претседателство, изјави Османи.
Надбискупот Галагер ја реафирмираше поддршката на Светата Столица на нашиот пат кон Европската Унија, цврсто верувајќи дека од интеграцијата на државата во европското семејство, полза ќе има не само Регионот, туку и целиот континент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…