Вашингтон бара демилитаризација на зоната околу нуклеарната централа “Запорожје”
Вашингтон: Зоната на нуклеарната централа Запорожје треба да се демилитаризира
Соединетите Американски Држави ја поддржуваат иницијативата делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја посети нуклеарната централа Запорожје и работат со партнерите за да ја организираат таа посета, изјави заменик-државниот секретар на САД, Бони Џенкинс, задолжена за прашања за контрола на вооружувањето.
„Ние сè уште цврсто ја поддржуваме идејата за посета на нуклеарната централа Запорожје и работиме со партнерите за да ја организираме таа посета“. „Сметаме дека е исклучително важно Меѓународната агенција за атомска енергија да ја посети таа нуклеарна централа“, рече Џенкинс на прес-конференција.
Таа посочи дека САД ги повикуваат сите страни да се воздржат од воени дејствија во близина на нуклеарната централа Запорожје и да се воспостави демилитаризирана зона во таа област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз…
Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи…
Мицкоски од Вашингтон: Регионот наместо со минатото,…
Регионот да се занимава со иднината, не…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Орбан од Пекинг оди во Вашингтон: Бара…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заминува од Пекинг…