(Видео) Ќе му даде ли „гаранции“ на Мицкоски за влез на бугарите во Устав?! – Teгнење за уши од Фон дер Лајен на балканската тура која започнува во Скопје

t

Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.

-Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.

Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

После Скопје, претседателката ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота.

Имајќи го во предвид приоретизирањето на Македонија при посетата на Фон Дер Лајен се очекува меѓу главните теми да биде и проширувањето на ЕУ, односно исполнување од македонска страна на условот за влез на Македонија во ЕУ, а тоа е влезот на Бугарите во Уставот.

Се поставува прашањето дали Фон Дер Лајен ќе му ги понуди на Мицкоски таканаречените гаранции со што ќе „изгорат“ нотрарските извјави од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се менува Уставот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно го промени ставот посочувајќи дека е подготвен да разговара и за уставни измени ако има јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека Македонија ќе стане земја членка до 2030 година со заштитетен јазик и идентитет.

Мицкоски изрази подготвеност да разговара и за барањето на дел од албанските политичари да се тргне квотата 20 отсто за албанскиот јазик, но доколку намерата како што кажа е формирање на бинационална држава, ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

Мицкоски во рок од 2 месеци повеќе од четири пати го промени ставот по однос на бугарскиот договор посочувајќи дека истиот ќе го раскине по референдумот на кој се чини дека ВМРО-ДПМНЕ заборави, па потоа да каже дека договорот ќе го репреговара за ова иста реченица да изјави дека нема желба од бугарска страна за репреговарање да се разговара.

Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…