Велевски до македонските “големци”: Нема да ви пропаднат маркетите ако покажете солидарност за Велигден – Кај муслиманите Бајрам не се користи за профит!

t

Актерот и стенд ап комирар, Бојан Велевски, на неговиот Фејсбук профил упати критика до сопствениците на маркети и трговци со прехранбени производи поради како што вели нивната “несолидарност”.

Велевски ги “укори” “големците” од православна вероисповед поради гледањето на Велигден како можност за заработка на екстра профит, наместо да бидат солидарни и да ги намалат цените на производите за секој да може да ги купи.

“Солидарноста од големците во Македонија, ретко кога била јака страна. Па, така и Велигденот се гледа како шанса за екстра профит.Нема да ви пропаднат маркетите и бизнисите ако барем еднаш во 10 години покажете солидарност со цените кон купувачите, од кои на своите деца им купувате коли од 100.000евра.Кај муслиманите за Бајрам да ти е ќеф месо и намирници да купиш и бакшиш да остаиш од незгодно, поради коректните цени за празникот.Не е океј другари… не океј!” – напиша Велевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ