Великани на светската историја: Делото на Мајка Тереза е правење мали работи со голема љубов

t

Мајка Тереза сиот свој живот несебично го посвети на милосрдието, добродетелството и хуманоста. Оваа мала жена, но жена со големо срце и многу храбра се смета за еден од најголемите хуманисти на планетата. До последниот ден од својот живот, ги охрабруваше луѓето да прават и постигнуваат добри дела. Ги инспирираше за тоа со својот лик и дело, која иако малечка и слаба, ама без страв, бескомпромисно уште од најмалата младост па до својата смрт, се зафати да им помага на болните од најужасни болести, да им помага на најсиромашните, и секако на хендикепираните. Правеше се тие да не се чувствуваат осамени и отфрлени.

Мајка Тереза како млада Гонџа Бојаџиу ги доживеала сите случувања во Скопје и усште тогаш научила да комуницира со сите. И со оние кои се различни и по јазик и по вера, и по култура и по поглед на свет. Низ тие разлики и спротивности таа научила дека само љубовта ги намалува разликите. Увидела дека љубовта е таа која дава шанса и можности, и покрај сите различности сите да се чувствуваат добро, безбедно, задоволно и среќни. Уште тогаш била ведра, насмеана и дружељубива кон сите со кои контактирала. Подоцна, со својата хуманитарна работа во Калкута таа веќе станува Мајка Тереза, добродушната хуманитарка, која сите јадоживувале на совршен начин.

Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир во 1979година. Таа година беше меѓународна година на детето, а знаеме, животот и делото на Мајка Тереза беше неразделно поврзана со децата. Во таа година 2000 напуштени деца сенаоѓале во нејзините домови за згрижување. Училиштата што таа ги отварала ги посетувале 7500 деца. Гоолем бил бројот на болни, отфрлени, незгрижени, очајници за кои таа со сестрите од нејзинит ред се грижела, и им посветувала големо внимание и неизмерна љубов.

Од напред наведените примери и податоци, се гледа дека, во текот на полувековната милосрдна дејност, таа постигна голем успех на планот на создавањето услови за згрижување, на сите маргинални категории луѓе. Во својата работа беше успешна, затоа што беше посветена на своите хумани цели, покажа голема истрајност, вложи уште поголеми лични усилби и напори, со што ги убеди побогатите и добро ситуираните да им отстапат простор или средства за помош на наведените страдалници. Овој дух на помагање, грижа и благотворност, создаде од Мајка Тереза, личност со најголем углед на полето на социјалната грижа на најзагрозените категории.

Уште еднаш да ги повторам вредностите кои таа ги препорачуваше за сите луѓе: Мир, разбирање, помош, солидарност, милосрдие, давање и пред се љубов. За неа основната сила на светот беше љубовта. Веруваше дека љубовта ги совладува сите ограничувачки околности и сите зла на овој свет. Учеше дека љубов може да даде секој кој нема да го заклучи своето срце и нема да ги отфрла другите луѓе. За неа таквата љубов, всушност е вистинска и најголема, за се и за целиот свет. А знаеме дека таа се означува како агапизам, општа љубов од највисок вид.

Можеби најпозната беше по едноставноста во изразувањето, и по изречените мисли кои ја погаѓаа суштината на нештата. Многу често велеше “Не можеме да правиме големи работи, но малечките можеме да ги правиме со голема љубов“. Оваа мисла многу кажува за оваа светска хуманитарка. Ја сместува во редот на најголемите етичари во историјата на човештвото, бидејќи преку неа, а и преку останатите свои конкретни залагања, таа ја изгради најсилната, најкрупната, најоправданата етичка дејност на денешницата – луѓето да се пронајдат себе си и да им помагаат несебично на другите.

Долго ги паметиме, поточно остана засекогаш запишани нејзините пораки за домот, за верата, за љубовта, за страдањето и за Христос. Велеше дека љубовта почнува дома, и во има на Исус пропагираше да се сакаме еден со друг, како што тој не сакаше. Потсетуваше дека има недостаток на вера, затоа што има многу себичност. Учеше и пропагираше дека вистинската вера дава љубов, и дека љубовта и верата одат заедно и се надополнуваат. Ни ја посочуваше страшната глад за љубов, бидејќи во животот се соочуваме со болка и осаменост. Бараше од луѓето љубовта да ја стават во функција на другите, на сиромашните и на несречните.

За сè што направи како мисионерка и хуманитарка, во 1979 година доби Нобелова награда и најразлични признанија и одликувања од сите страни на светот. Родена во Македонија, и затоа велеше дека е скопјанка. Преку својата инспирација за добротворство, достигна духовна широчина, неограничено разбирање и неопходна толеранција. Така најпрвин стана симбол на добротворството, на светската општа љубов и светскиот мир, а изградувајќи ја катадневно најсилната и најоправданата етичка дејност на денешницата – луѓето да се пронајдат себеси и да им помагат несебично на другите – денес веќе е Светица Мајка Тереза од Скопје.

Што уште да се каже за оваа жена со мила душа и големо срце. Светица на бедните и сирмаштијата. Сиот свој живот им го посвети на тие што умираа напуштени на улицата, на болните од лепра и од сида. Ги заштитуваше гладните, незгрижените, голите, бездомниците, невработените. Се грижеше за нив, ги негуваше и им даваше искрена љубов. Нејзината задача беше да ги доведе луѓето во контакт со Исус

Живееше во Калкута, Индија, а се чувствуваше како граѓанка на светот. Олицетворение на бестрашна жена со голема верба во Бога, човечка добрина и хуманост.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…