Великани на светската историја(9.) Галилео Галилеј и “сепак се движи“

t

Почитувани читатели, морам да ви кажам дека деновиве гледајќи ги ступидните и очајнички потези на власта, во смисла по секоја цена да биде власт и само гола власт, се потсетувам на темнината на средниот век, на инквизицијата и на средновековните деспоти.

За среќа, наша и на светската историја, во таа средновековна темнина се јавиле повеќе проблесоци на човечкиот ум(просветителство, ренесанса и научна револуција) и човештвото тргнало во незапирлив научен развиток, културен препород и уметнички проблесок, невидени и непознати дотогаш. Деновиве ќе ви пишувам за носителите на тој развој(Леонардо да Винчи, Галилејо Галилеј, Исак Њутн и др.), што значи продолжување на серијалот за великаните на светската историја. Во него ќе ве потсетам на нивните просветителски мисли, идеи и пронајдоци, со цел малку да се релаксираме и освежиме, за да не заглупиме од гадотиите што ни ги приредуваат нашите политички властоидршци. Почнувам со Галилео Галилеј, гениј од човек, кој ни ја даде надежда дека работите сепак се или ќе се движат на подобро.

Галилео Галилеј е клучна фигура во научната револуција од 16-от и 17-от век. Вистински научен револуционер во астрономијата. Најзаслужен е што се промени човековиот поглед на светот и целата вселена. Тој е италијански астроном, математичар, физичар и филозоф. Втемелувач е на модерната физика и механика. Научник кој ги откри основните сознанија за природата на движењата на планетите. Многу добро го сфатил значењето на експериментите и бил поборник на теоријата дека физичкиот свет најдобро може да се објасни преку математиката.

Оснивач е на експерименталната физика. Преку експериментите што со години ги правеше, во целост ја поби шпекулативната метафизика на Аристотел и да ги постави темелите на класичната механика. Со своите научни експерименти тој направи и радикални промени во физиката. Го практикуваше рационализмот, како метод според кој разумот делува како основа на знаење и дејствување на луѓето.

Неговото барање дека светот мора да се анализира со разум и низ докази, го доведе до судир со црквата, но неговите откритија далеку ја надживеаја инквизицијата која сакаше да ги забрани. Може да се каже дека средновековната озлогласена инквизиција постојано го прогонувала, а и неколку пати го осудувала. Процесот што таа го водела против него бил, сеуште е, а и уште долго време ќе биде симбол за конфликт помеѓу науката и средновековната религија, поконкретно инквизицијата. СУдир на светлото и темното, конфликт на напредното и зачмаеното, битка помеѓу доброто и злото.

Запаметен е по достоинството со кое го изговорил говорот при неговото судење и изрекување на казната. Говорел јасно, сфаќајќи дека црквата го оставила без алтернатива, но бил убеден дека науката и историјата ќе ги осветлат неговите погледи и учења. Покажал и докажал дека докажаните научни факти колку и да се на удар на оние кои ја негираат науката(средновековните црковни великодостојници), тие се несоборливи, моќни и од времето и историјата потврдени.

Сфатил дека мора, но и сака да живее, па така, јавно се одрекол од своето учење, но самиот на себе си дошепнал, ‘’Сепак се движи!’’(Eppur si muove), со што покажал дека и понатаму верува во вистинитоста на Коперниковиот хелиоцентричен систем.

Инаку, тој е еден од најголемите светски гении кој размислувал креативно. Неговата најголема заслуга е што помогнал да се револуционализира науката преку користење сопствени техники на бележење. Така, додека неговите современици користеле традиционални вербални и математички пристапи за анализа на научни проблеми, Галилео ги направил своите мисли видливи исто како Леонардо, користејќи илустрации и дијаграми. Тој е познат по тоа што многу сакал да мечтае. Овој голем ум ја набљудувал појавата изохронизам која подетално ја разработил во својот закон за изохромо нишало, кој го применил за мерење на времето и за развивање на пендолумскиот часовник.

Познато е дека според легендата за ламбата, додека Галилео гледал како ламбите во катедралата во Пиза се нишаат напред-назад, доживеал еурека и согледал дека без разлика колкав бил опсегот на нишање на ламбите секогаш им требало исто време да ја завршат осцилацијата. Неговите експерименти и методи постојано ја надградуваа научната пракса, така што со своето целокупно дело ги постави темелите за големите теории на Њутн и Ајнштајн.

Тогаш, во темниот среден век, во времето на инквизиција, кога царувале прогоните, нечовечките мачења и ѕверските убивања, имало надеж – за човекот, за неговата слобода, за неговата мисла и за неговиот напишан збор. Мислам, поточно сигурен сум, дека таа надеж и денес е жива, во нас и околу нас, само треба да покажеме дека ја сакаме слободата и достојни сме за преведност и досдтоинствен живот.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…