Објавено на:

Велика Британија може да забрани одгледување булдози

t

Одгледувањето булдози може да биде забрането во Велика Британија доколку не се промени начинот на нивното одгледување, предупредува нова студија.

Истражувачите од Кралскиот ветеринарен колеџ велат дека англиските булдози се изложени на зголемен ризик од респираторни, очни и кожни болести поради нивните екстремни физички карактеристики, вклучувајќи скратени муцки, преклопена кожа и конусно тело, а исто така,  имаат краток животен век од само осум години.

Истражувањата покажаа дека булдозите имаат 38 пати поголема веројатност од другите кучиња да добијат дерматитис во кожните набори, 24 пати поголема веројатност да имаат испакната долна вилица и речиси 20 пати поголема веројатност да имаат респираторни заболувања кои предизвикуваат проблеми со дишењето.

Студијата им препорачува на оние кои сакаат да купат булдог да „застанат и размислат“ пред да го сторат тоа.

Студијата, објавена во списанието “Canine Medicine and Genetics”, сугерира дека булдозите треба да се одгледуваат на начин кој има поумерени физички карактеристики, што ќе биде од корист за нивното здравје и ќе спречи нивното размножување да биде забрането.

„Секое куче заслужува да се роди со еднакво и добро здравје бидејќи има природна способност да дише слободно, да трепка, да вежба, да има здрава кожа, да може да се пари и размножува. За раси како англискиот булдог, кај кои се уште постојат екстремни конформации со лошо вродено здравје, јавноста има улога да бара кучињата да бидат со умерена и поздрава градба“, вели авторот на студијата Ден О’Нил, вонреден професор по епидемиологија на домашни животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…