Велика Британија објави санкции за три руски агенции за наводни дезинформации кои ја поткопуваат демократијата на Украина

t

Велика Британија воведе санкции за три руски агенции и тројца шефови на тие агенции, кои, според официјален Лондон, се обиделе да користат дезинформации за да ја „поткопаат и дестабилизираат Украина и нејзината демократија“.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Агенцијата за социјално проектирање (АСП, руска технолошка компанија) и нејзината партнерска фирма „Структура“ се обиделе да спроведат серија „интервенциски акции“ со цел да ја ослабат меѓународната поддршка за Украина.

Третата санкционирана фирма е АНО „Дијалог“ (автономна непрофитна организација), чија област на дејност ги опфаќа комуникациите.

Санкционирани се директорот на АСП и „Структура“ Илја Гамбашиџе, програмскиот директор на АСП Андреј Перла и генералниот директор на „Структура“ Николај Тупикин.

Денешните санкции испраќаат јасна порака дека нема да ги толерираме вашите лаги и мешање – доаѓаме по вас“, се вели во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија објави санкции за три руски…

Велика Британија воведе санкции за три руски…

Фицо: Имаше повеќе обиди за атентат врз…

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, врз кого на…

Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Исланд…

Тројца мажи се обиделе да ја запалат…

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои…

Повторно тензиии во албанскиот парламент

Албанските опозициски пратеници продолжуваат со „граѓанската непослушност“,…