Венецуела се подготвува за американска инвазија
Венецуела распоредува оружје, вклучувајќи застарена руска воена опрема, и планира герилски отпор во случај на американски воздушен или копнен напад, според документите за планирање што ги виде Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја покрена можноста за копнени операции во Венецуела, велејќи дека „копното ќе биде следно“ по нападите врз бродови за кои Вашингтон вели дека се користат за трговија со дрога. Сепак, подоцна негираше дека размислува за напад во Венецуела.
Претседателот Николас Мадуро изјави дека венецуелскиот народ и војската ќе се спротивстават на секој обид за соборување на владата.
Планот на Мадуро – „долгорочен отпор“ и „анархизација“
Според документите за планирање и изворите на Ројтерс, владата се потпира на две стратегии – герилски отпор и создавање анархија на улиците на Каракас.
Герилската одбрана, која владата ја нарекува „долгорочен отпор“, би вклучувала мали воени единици на повеќе од 280 локации кои ќе вршат саботажи и напади врз непријателските сили.
Втората стратегија, наречена „анархизација“, би се потпирала на разузнавачките служби и вооружените поддржувачи на владејачката партија за да создадат хаос и да го отежнат контролирањето на земјата во случај на инвазија.
„Не би издржале ниту два часа во конвенционална војна“, рече еден извор близок до владата.
„Не сме подготвени да се соочиме со една од најмоќните армии во светот“, додаде друг извор запознаен со одбранбените капацитети на Венецуела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуела се подготвува за американска инвазија
Венецуела распоредува оружје, вклучувајќи застарена руска воена…
Француската армија се подготвува за потенцијален конфликт…
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили,…
Орбан: Средбата Трамп-Путин е одложена, но не…
Русија и САД се способни да постигнат…
Кај жител на Кисела Вода најдени голема…
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија…
(Видео) Трамп ја бакна вдовицата на Кирк…
Доналд Трамп повторно предизвика реакции на социјалните…