Венсан Касел и Тина Кунаки се разведуваат по пет години брак

t

Францускиот актер Венсан Касел и фотомоделот Тина Кунаки се разделуваат по пет години брак. Со тоа се потврдуваат шпекулациите што изминативе неколку месеци се ширеа за нивен неизбежен развод.

Тие раскинаа пред неколку недели. На Тина ѝ е скршено срцето“, потврдил неименуван извор за „Дејли мејл“.

Касел и Кунаки се венчаа 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска. Тина е успешен фотомодел и е 30 години помлада од глумецот, а имаше епизодна улога во ТВ-серијата „Доверба“ (Trust) од 2018 година.

Последните наводи говорат дека Касел ги избришал сите фотографии од сопругата на својот Инстаграм-профил, како и многубројните текстуални објави посветени на Тина.

Претхподно, Венсан Касел беше во брак со познатата глумица Моника Белучи, со која се разведе во 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…