Објавено на:

Венс исвиркан на симфониски концерт во Центарот Кенеди во Вашингтон

t

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Кенеди Центарот во Вашингтон.

Додека се објавуваа вообичаените најави пред почетокот на концертот, Венс и неговата сопруга Уша седнаа во ложата, што предизвика револт и свирежи во салата, со што најавите беа речиси нечујни, пишува Гардијан.

Американскиот потпретседател на протестите на публиката одговори со насмевка и мавтање.

Неговото пристигнување предизвика и логистички проблеми – поради зголемените безбедносни проверки и доаѓањето на придружбата на Венс, почетокот на концертот доцни 25 минути.

Како што беше претходно објавено, американскиот претседател Доналд Трамп го смени претходното раководство во февруари и го назначи сојузникот Ричард Гренел за вршител на должноста директор.

Трамп тогаш рече: „Го презедовме Центарот Кенеди. Не ни се допадна тоа што го прикажуваа таму и разни други работи. Се погриживме повеќе да не се „буди“.

Промените предизвикаа големо незадоволство во уметничката јавност и бројни откажувања на претходно закажани настап и концерти.

Центарот „Кенеди“, именуван по поранешниот претседател Џон Кенеди, е домаќин на илјадници настани секоја година и е дом на Националниот симфониски оркестар и Националната опера на Вашингтон.

Трамп претходно беше во судир со центарот, ја прекрши традицијата во својот прв мандат со тоа што не присуствуваше на церемонијата на почести во Центарот „Кенеди“, откако некои од почестените го критикуваа, и го нападна центарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс исвиркан на симфониски концерт во Центарот…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше исвиркан…

(Видео) Голем број трактори паркирани во центарот…

Голем број трактори се паркирани околу Пионерскиот…

Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија…

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во интервју…

Што се случува?! Непозната супстанца пронајдена кај…

Од Јавното комунално претпријатие Гази Баба во…

Во Македонија лани продадени недвижности за над…

Во секторот недвижности лани за првпат се…