Верници на МПЦ-ОА ќе го тужат владиката Петар за јавните навреди и омаловажувања на Епископот Партениј
Стотици верници на МПЦ-ОА ќе го тужат владиката Петар за јавните навреди и омаловажувања на Епископот Партениј и монашките братства и сестринства. Петцијата за тужба е потпишана и таа денеска требало да биде доставена до Синодот на МПЦ-ОА и до Архиепископотм од кого барале разгледување на случајот пред да биде поднесена тужбата, но според информациите на Религија.мк нивното писмо воопшто не било примено во архивата на Архиепископијата. Иако претходно било договорено да биде примена делегација од верниците иницијатори, сепак во последен момент им бил забранет влез во здрадата на МПЦ-ОА.
Револтирани, дел од нив ја раскажаа својата приказна за Религија.мк, посчувајќи дека е недостоинствено Црквата да не ги удостои и со можност барем официјално да го предадат своето писмо. Писмото е адресирано до Синодот на МПЦ-ОА, во кое тие ја посочуваат својата страна, како и причините за најавената тужба. Од Синодот и од Архиепископот барале само да го разгледаат нивниот случај и да се оградат од навредите што владиката Петар ги искажал преку медиумите.
-Ние како верници на нашата Црква, со болка ги примаме овие неканонски и противзаконски напади врз исто така виден член на МПЦ, за кого со чиста совест можеме да кажеме дека е еден од најголемите афирматори на МПЦ-ОА во земјава и надвор, докажан со бројни христијански дела зад себе. Затоа, сакајќи да избегнеме понатамошен раздор, пред да ја поднесеме тужбата, се одлучивме да Ви се обратиме Вам како Одбор да го разгледате нашето писмо и да донесете одлука. Очекуваме одговор во кој ќе се оградите од зборовите и ставовите на Владиката Петар, или пак, тој да упати јавно извинување и да престане со ваквото однесување исполнето со омраза. Во надеж дека ќе го разгледате ова наше писмо и ќе заземете свој став и заклучок, ние со Ваш благослов ќе ја повлечеме тужбата. Со тоа се надеваме дека ќе го зачуваме единството во нашата Црква и ќе го избегнеме срамот пред верниците, стои во писмото што денеска надлежните од Архиепископијата одбиле и да го примат.
Верниците велат дека веќе консултирале адвокатски тим, кој ги советувал дека постојат неколку основи за тужба, меѓу кои и говор на омраза.
-Нашите правни советници го проучија случајот и утврдија дека владиката Петар може да се тужи врз неколку основи, меѓу кои и говор на омраза. Но исто така, ние знаеме дека без Ваше одобрение, односно без знаење и дозвола на Светиот Синодот, тој нема право да изнесува такви погрдни зборови кон друг владика, особено и поради тоа што тоа строго го забрануваат и каноните на Православната Црква. Затоа, ние како верници, но и општествено одговорни граѓани, подготвивме тужба против изнесените навредливи и опасно штетни зборови на Митрополитот Петар. Едноставно, крајно време е, после сите тие навреди, лаги и обвинувања, да се каже „доста е!“, велат верниците иницијатори.
Владиката Петар неодамна во еден интернет поткаст жестоко го нападна владиката Партениј, не бирајќи зборови. Навредите се само еден мал дел од кочијашкиот речник со кој се служеше владиката Петар дескридитирајќи го Игуменот Партениј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…