Верни на ЕУ ама зависни од Русија: Бугарија ќе бара да биде изземена од санкциите на Унијата за природниот гас
Членката на ЕУ и НАТО, Бугарија е речиси целосно зависна од испораките на гас од руски „Газпром“, додека нејзината единствена рафинерија за нафта, во сопственост на рускиот „ЛУКОИЛ“, обезбедува над 60% од горивото што се користи во земјата.
Соединетите Држави се подготвени да продолжат со забраната за увоз на руска нафта во САД без учество на сојузниците во Европа, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање.
Германија, најголемиот купувач на руска сурова нафта, ги отфрли плановите за забрана на увозот на енергенси, став што го поддржа и Петков.
„Бугарија би поддржала секакви мерки, затоа што ние сме навистина против војната, но за овие две (нафтата и гасот), можеби би барале исклучок… Немаме сегашни алтернативи, ние сме премногу зависни“, вели Петков.
„Ние целосно го поддржуваме украинскиот народ, го поддржавме првиот пакет санкции, ние сме слободоумни и за други санкции, само овие две санкции, би било многу тешко за нас да ги прифатиме како економија и како земја”, додава тој.
Неговата центристичка коалициона влада, исто така, ќе започне да купува 1,5 милиони тони пченица за да го зајакне снабдувањето со храна до жетвата следната година и да ги избегне ризиците што можат да произлезат од какви било можни несреќи во нуклеарните централи во Украина.
Црноморската земја, која лани произвела над 7 милиони тони пченица, не планира да го забрани извозот на пченица, вели Петков, додавајќи дека државата ќе ги зајакне и резервите на пченка и семки од сончоглед.
Петков вели дека Бугарија, која ја врза својата валута лев со еврото, засега се држи до својата цел да се приклучи на еврозоната од јануари 2024 година. Тој вели дека инфлацијата ќе остане прилично во согласност со онаа на земјите од еврозоната, пренесе „National Post“.
Извор: Вечер.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…