Весна Дамева прави приправнички театар: Од кога Судскиот совет се дрзнува да коментира одлука на АПЕЛАЦИОНЕН СУД и од каде ингеренции за тоа?!

t

Работна група составена од тројца членови на Судскиот совет, која според годишниот распоред е задолжена за следење на работата на Апелациониот суд во Скопје, ќе го посети овој суд и ќе провери дали има процесни и други повреди и одолговлекување при одлучувањето за предметот „Таргет-Тврдина“.

Групата је предводи Тања Чачарова, а во нејзин состав се и Мирјана Радевска Стевкова и Мери Радева. На итната седница на Судскиот совет, претседателката Весна Дамева предложила да се проверат и предметите „Трезор“ и „Транспортер“.

Во врска со очекувањата од работната група, Чачарова изјави:

– Јас, како координатор, сакам едно мало појаснување. Судскиот совет во рамки на своите надлежности има вршено работни посети во овој суд. Ги следи работата на судиите и старите и нерешени предмети. Добиваме и месечни извештаи. Ја знаеме и причината поради доволно судии, зборувам генерално не за конкретните предмети, да го совладуваат приливот на предмети што го добиваат на месечно и на годишно ниво. Апелацискиот суд во Скопје е суд кој има најсложени и најголем број предмети. Колку траат постапките во голема мера зависи и од овие факти. Што би вршела работната група во контролата? Надзор на што? На траењето на судската постапка, да се земе предвид колку предмети имал овој совет што одлучувал, колку решил, дали имаме намерно одолговлекување или состојбата налагала така. Тоа е она ние можеме да го утврдиме ние.

Весна Дамева неодамна беше избрана за претседателка на Судскиот совет, а јавноста остана вџашена не само од нејзината блискост со поранешното раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев, туку и од фактот дека таа нема ниту еден ден стаж како судија.

Инаку, скопска Апелација утрово во соопштение до јавноста ја образложи одлуката со која ја укина првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“.

Сега се поставува прашањето: Од каде надлежност на Судскиот совет да коментира одлуки на суд и тоа на Апелационене суд?!

Судскиот совет има надлежност да:

  • да ги избира и разрешува судиите;
  • да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
  • да утврдува престанок на судиската функција;
  • да избира и разрешува судии поротници;
  • да ја следи и оценува работата на судиите;
  • да одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот;
  • да одлучува за утврдување на одговорност на судија и претседател на суд;
  • да одлучува за одземање на имунитет на судија;
  • да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
  • да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
  • да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примена на законите;
  • да одлучува за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција и член на Совет од вршење на функцијата член на Совет;
  • да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
  • да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите и истите јавно ги објавува на својата веб страница;
  • да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите,
  • да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
  • да поднесува годишен извештај за работата;
  • да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност;
  • да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и
  • да врши и други работи утврдени со закон.
     

Како што може да прочитате, Судскиот совет НЕМА надлежност да коментира судски одлуки на ниеден суд, а камо ли одлука на Апелационен суд! И приправници немаат знаење, ниту се компетентни да коментираат СУДИИ, особено не судии во Апелација!

Судски одлуки коментираат Апелационен суд, Врховен суд, Собрание на РМ!

Останатите можат да си поќутат, или барем мислењето што го имаат да не го кажуваат јавно. Истото важи и за Судскиот совет, за претседателката Дамева, за политичарите, за сите останати.

Судиите се каде што се затоа што поминале доволно за да знаат како, а доколку не знаат, има кој да ги коментира, а тоа не се некомпетентни поединци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…