Вести од минатото: Хауард Лутник е нов секретар за трговија на САД – во јули ја посети Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД КУРИР:
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија.
Портфолио на Лутник
Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит.
Лутник ја посети Македонија во јули годинава
Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.
Лутник доби поддршка од Илон Маск
Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат.
Eве што се случи вчера:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Европски е што Петар Богојески не е…
Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…