Објавено на:

Вести од фронтот: Крвави битки се водат во разурнатиот Бахмут

t

Украинските и руските вооружени сили водат крајно крвави битки во разурнатиот град Бахмут на истокот на земјата, но проукраинските сили се уште се држат, објави во саботата украинската армија.

Руското министерство претходно во саботата објави дека борците на платеничката група „Вагнер“ зазеле уште два дела на Бахмут, главната цел на руската офанзива во источна Украина.

„Крвави битки невидени во последните децении се водат среде урбана градска област“, ​​изјави Серхиј Череваџи, портпарол на воената команда за источна Украина.

„Нашите војници прават се што е можно во крвави и жестоки борби за да ги уништат борбените способности на непријателот и да го скршат моралот. Секој ден, во секој агол од градот тоа го прават успешно“, изјави тој за телевизискиот канал 1+1.

Руското Министерство за одбрана објави дека единиците на Вагнер зазеле две области на северната и јужната периферија на градот. Единиците на руската армија ги поддржаа задржувјќи ја украинската армија, додаде Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…