Вест која за миг ја враќа вербата во човештвото: Парите за малиот Матео се собрани за 24 часа – д-р Лазаров соопшти дека кај детето има напредок
Деновиве на социјалните мрежи се споделуваше апел за собирање средства за лекување на Матео од Скопје.
Станува збор за 2-годишно дете, кое по краток престој во приватна болница во Скопје, итно е пренесено и хоспитализирано во болница во Србија, под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.
Ова е болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите.
На платформата за собирање средства ЕCrowd, беше поставена кампања со цел да се соберат 1 милион денари, односно околу 15.000 евра кои им биле побарани на семејството за лекување.
Денес се огласи докторот Ненад Лазаров, дел од тимот на платформата, кој на својот „Фејсбук“ профил споделил дека потребните средства се собрани за 1 ден, но бидејќи во најновиот документ со детална пресметка од болницата се бараат 18.000 евра, кампањата е уште отворена.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост.
„Луѓе мои, ги собравме засега потребните средства за Матео во износ 1.000.000 денари за 24 часа, големо срце има овој народ СИТЕ КОИ ДОНИРАВТЕ, СПОДЕЛИВТЕ, Нѐ ПОДДРЖАВТЕ ТРЕБА ДА СТЕ ГОРДИ, ОВА Е УШТЕ ЕДЕН ПОЗИТИВЕН СЛУЧАЈ!Истовремено сакам да знаете дека кај детето има напредок, чекор по чекор но има напредок Согласно документот кој утрово ни беше доставен сумата севкупна е 18.000 евра затоа е сè уште отворена кампањата, ние во име на итност стартувавме со потребни средства од прилика за да добиеме на време.Ви должиме целосна транспарентност, така ќе биде секогаш.“
Во ова време каде што човечноста е само архаичен збор и ништо повеќе, каде поривот за моќ и свое лично задоволство нѐ отргнаа од оние суштински вредности – оваа вест за малото човече кое ќе има можност да ги гушне и им се насмевне на своите родители, е нешто кое само треба да нѐ поттикне да бидеме подобри за себе, нашите најблиски и за општеството.
Да бидеме хумани и да не забораваме дека во децата е иднината на оваа планета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…