Ветото во ЕУ оди во историјата?! Предлог за квалификувано мнозинство при гласањето
Шефови на дипломатиите на неколку земји-членки на Европската унија предлагаат за прашања од надворешна политика и безбедност во Унијата, да се гласа со квалификувано мнозинство, наместо со консензус. Целта не е промена на европскиот договор, туку поголема ефикасност во решавањето…
Повеќе министри на влијателно земји-членки на ЕУ бараат во иднина за прашањата од доменот на надворешната политика и безбедноста на Унијата да се гласа со мнозинство наместо со консензус. Во писмото потпишано од шефовите на дипломатиите на Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шпанија и неколку други држави, се наведува дека тие не бараат промена на Европскиот договор, туку поголема ефикасност во одлучувањето на европските институции, посебно во кризни состојби.
Директорката на Институтот за европски политики Симонида Кацарска смета дека писмото ги повикува членките повеќе да ја користат можноста да не се вклучат во дискусијата отколку да ставаат вето во заедничката безбедносна и надворешна политика.
Во однос на барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, уставните измени да стапат во сила со интеграцијата на земјава во ЕУ, Кацарска анализира дека тоа е тешко изводливо.
По лидерската средба Ковачевски – Мицкоски, двете најголеми македонски партии излегоа со спротивставени ставови за тоа од кога да важат уставните измени. Според власта, тоа треба да се случи со одржувањето на втората меѓувладина конференција, опозицијата ги врзува со последниот чекор пред самото членство во ЕУ, кога ионака ќе се отвора Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…