Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23 години од кукавичката заседа во која загинаа 10 македонски херои!

t

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово.

Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

Во заседата починаа:

Нане Наумоски (48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски (39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски (42) ─ од Прилеп
Горан Миноски (29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски (27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски (31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски (27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски (29) ─ од прилепско Бело Поле

Минатата година Министерството за одбрана и тогашната министерка Славјанка Петровска започнаа процес на изградба на достоинствено спомен-одбележје на загинатите херои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23…

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз…

Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Армијата ангажира дополнителни 200 војници за гасењето…

Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на…

Припадничките на Армијата рамо до рамо со…

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски…