Вечерва повторно блокада на „Евзони“

t

Меѓу 19:30 и 20 часот по локално, односно 18:30 и 19 часот по македонско време се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија, што ќе трае час и половина до два часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во следните денови, до понеделник, 26 февруари.

Во понеделник, додека во Брисел биде состанокот на министрите за земјоделство на Европската Унија, земјоделците во Грција најавуваат протести на повеќе локации, а не е исклучена можноста да се одржи и на граничниот премин Евзони (Богородица).

Земјоделците од северниот дел на Грција веќе извесен период ги имаат паркирано нивните трактори на конкретниот граничен премин, а од вторникот периодично го затвораат во вечерните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…