Вечерва ќе биде објавена причината за смртта на Папата
Причината за смртта на Папата Франциск ќе биде објавена подоцна вечерва, потврдија извори од Ватикан. Изворите исто така наведуваат дека утре се очекува објавување на датумот на погребот на папата.
Франциск, кој боледуваше од хронична белодробна болест и на кого во младоста му беше отстранет дел од едно белодробно крило, беше примен во болницата Гемели на 14 февруари поради респираторна криза која прерасна во пневмонија. Во болницата помина 38 дена, што е најдолг престој во болница за време на неговиот 12-годишен понтификат.
Агенцијата Анса претходно јави дека церебрално крварење е можна причина за смртта на папата Франциск, а не респираторните проблеми кои произлегуваат од неговата неодамнешна пневмонија. Според она што го дознава АНСА од добро информирани извори, мозочно крварење е можна причина за смртта на Франциск.
Неговата смрт настапила ненадејно утрово во 7:35 часот и, како што се наведува, не е во директна врска со болестите на респираторниот систем. Мозочното крварење всушност е полоша и погубна варијанта на мозочен удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…