Вечер е Стара Нова година, утре Василица

t

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, а утре, на 14. јануари, се чествува споменот на Свети Василиј Велики. 

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден.

На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, во храмовите на Македонската православна црква се служи света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили кои се јавуваат до 19. јануари, големиот празник Водокрст, кога се верува дека меѓу луѓето шетаат нечисти духови.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечер е Стара Нова година, утре Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот…

Димитров: Ми падна паричето! Мислете му ја!

Вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола…

Вечерва се чека Стара нова година, утре…

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот…

Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица…

Православните христијани кои се водат според Јулијански…

Бигорски манастир: Лепче со паричка за Василица,…

Тра­ди­ци­о­нал­но, во Ма­ке­до­ни­ја се­мејс­тво­то се со­би­ра на…