Вечна слава: На денешен ден во 1903 година во нерамноправна битка загина Милан Делчев, братот на Гоце Делчев
На денешен ден, 12 јуни во 1903 година во Кукушко, Егејска Македонија загинал еден од браќата на Гоце Делчев, Милан Делчев.
Милан Делчев е роден 1883 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Се родил како трет син на Никола Делчев и Султан Делчев, а негови браќа се Гоце, Димитар и Христо Делчев.
Милан Делчев на 18 години станал четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година. На 20 јуни 1903 година, за време на Илинденското востание, аскерот ја опколил четата, по што комитите се поделиле во групи по дваца-тројца. Милан останал само со еден другар. Неколку дена се криеле во селото, а потоа едно утро, тргнале накај шумичката над селото. Наишле на голема турска војска, бидејќи не можеле да се вратат назад, ја прифатиле борбата. Милан херојски загинал во нерамноправната битка. Три дена никој не знаел за безживотното тело на Милан. Четвртиот ден решително селаните, ризикувајќи ги своите животи, формирајќи процесија го погребале. Самата шума ја нарекле Милан-Делчева шума. Никола и Султана Делчеви за само две години загубиле три сина: Гоце, Милан и Мицо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…