Вечна слава! 152 години од раѓањето на Борис Сарафов, еден од првите македонски револуционери кој отворено се декларирал како Македонец!

t

На денешен ден, 12 јули се одбележуваат 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Борис Сарафов.

Улогата на Борис Сарафов е многу интересна во македонската историја, тој бил член на Врховниот македонски комитет кој е опонент на Организациата, но тој додека бил претседател многу го поврзал со ВМРО, особено со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Ако се погледне целата документација може да се дојде до впечаток дека тоа е иста организација бидејќи Сарафов има тесна поврзаност со ВМРО, објаснува во гостување во Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Бил склучен и договор за соработка под услов војводите на ВМК да се стават под целосна контрола и команда на ВМРО во Македонија, набавките за оружје се многу интересни, за плановите на Сарафов знаеле и Делчев и Ѓорче Петров.

Се прелевале едни со други и тоа е еден момент на големо македонско национално единство, се до затварањето на Сарафов и неговата промена од ВМК и веќе новиот ВМК се вратил на старата блиска политика со бугарската влада во поглед на македонското прашање.

Треба да се има предвид дека за време на Илинденското востание Борис Сарафов бил во највисокото тело на Востанието.

Во однос на националното чувство на Сарафов тој е меѓу првите македонски револуционери кој отворено се декларирал дека е Македонец, ќе парафразирам една негова реченица која е објавена во весник во Петербург:

“Ние Македонците не смe ни Бугари ни Срби, можеме да бидеме благодарни за евенуеланата братска помош, но да не заборават дека сме посебен народ”.

Бил многу популарен во странство, Њујорк Тајмс пишувал над 30-40 статии, Борис Сарафов го споменуваат како шеф на македонскиот отпор, на македонското востание, тој имал многу интересен начин на лобирање, објасни Жежов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…