Вештачката интелигенција Везилка ќе ја води јавната администрација
Министерот Стефан Андоновски на меѓународна конференција во Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип порача дека клучното прашање за вештачката интелигенција не е „дали“ ќе се користи, туку „како“ – и дека за реална имплементација во јавниот сектор не се доволни декларации и стратегии на хартија, туку јасна рамка, квалитетни податоци и функционална инфраструктура.
Според Андоновски, Министерство за дигитална трансформација веќе работи на конкретни чекори за систематско воведување на АИ во институциите. Како дел од тој пакет ги наведе Националната ИКТ стратегија 2025–2030 и подготовката на Национална стратегија за вештачка интелигенција во координација со академската заедница и институциите, како и интеграција на АИ-асистент во државниот портал за отворени податоци.
Министерот најави и иницијатива за центар за вештачка интелигенција „Везилка“, со цел градење домашни капацитети и развој на модели и решенија на македонски јазик. Во рамки на настапот, тој допре и до темата за регулацијата на инфлуенсерите, оценувајќи дека ги разбира барањата на здружението и дека се можни измени по нивно барање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачката интелигенција Везилка ќе ја води јавната…
Министерот Стефан Андоновски на меѓународна конференција во…
Синдикалецот Ралповски ќе зема паушал од 250…
Дебатата меѓу синдикатите повторно го отвора прашањето…
Зиков кон Вучиќ: Олабави брате…
Не можеш да ја сакаш и почитуваш…
Стојаноска: Парите за минималецот се кај Филипче…
Дафина Стојановска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ на…
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“…