Вејсели: ДУИ ќе се распадне на три-четири дела ако го нема Ахмети!

t

Поранешниот пратеник и поранешен лидер на ПДП, Абдулади Вејсели смета дека без Али Ахмети, ДУИ нема да може да опстане, односно дека на партијата ѝ се заканува распад.

-Едно е јасно и треба сите да знаеме – нема да остане ништо од ДУИ, ако го нема Али Ахмети. Тоа треба да биде јасно на секој член на ДУИ. Тој е единствениот човек што се обидел и што имал постојано проблеми во самите редови и ги решавал. ДУИ не е мала партија со четири-пет души. Тоа е големо друштво и семејство, каде што секогаш ќе наоѓаш незадоволни лица, контатира Вејсели.

Тој вели дека „ДУИ ќе се распарчи на три-четири дела ако го нема Ахмети“.

-Човечките односи не се баш на најдобро ниво. Ако е незадоволството е поради организацијата на партијата, тогаш во ред, но не мислам дека е само тоа. Не беше ударот врз Артан Груби. Не е целта Груби или сите министри во Владата. Целта беше лидерот на ДУИ. Тие немаа смелост тоа да го кажат јавно. Ова беше против Ахмети, рече Вејсели во емисијата „24 отворено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…