(Видео+видео галерија) Обвинетите за убиството на Вања и Панче на обвинителна клупа – Палевски не дојде во судот
Основниот Кривичен суд во Скопје денеска го одложи судењето за обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во Кривичниот суд се донесени обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Првообвинетиот Палевски не беше донесен во Кривичниот суд поради одлагањето на судењето. Одлагање побарала одбраната на Палевски со образложение дека е потребно повеќе време за да се подготви.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…
Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…