(Видео)Вилма Русковска се кандидира за нов мандат во ОЈОГОКК
Вилма Русковска влегува во трка за нов мандат како шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, изјави денес за медиумите откако беше повикана на распит во Основното јавно обивнителство – Скопје по пријава на екс-директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.
– Вчера ја поднесов пријавата, рече Русковска, додавајќи дека очекува апсолутна поддршка од колегите обвинители кои за шеф на ОЈОГОКК гласаат на непосредни избори.
Русковска беше суспендирана пред два месеци, откако, Советот на јавни обвинители по пријава на Муареми одлучи дека претресот во работните простории на Финансовата полиција бил незаконски.
ОЈОГОКК отвори предистрага за Арафат Муареми порад основ за сомнеж дека тој ја злоупотребил својата функција и уценувал бизнисмени со отворање на истраги против нив, доколку претходно не ги исполнат неговите барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…
Каде е Директорот на финансова полиција?
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…