(Видео)Македонец од Киев: Населбата нема скривници, при напади се криеме во ходник – градоначаникот објави дека можат да пукаат во обични луѓе

t

Конфликтот меѓу Русија и Украина се уште трае.

Во меѓувреме во Украина има полициски час, властите објавија повик за општа мобилизација, голем број луѓе се обидуваат да ја напуштат државата меѓу кои има и македонски државјани.

Инфомакс претходно објави за случајот на едно македонско семејство во две малолетни деца заглавено во Киев кое се уште не е евакуирано и вратено во Македонија, иако побарале помош од македонската амбасада во Киев. Дипломатите од македонската амбасада се евакуирани во текот на вчерашниот ден.

Во Тешки муабети ексклузивен гостин беше Сашо Андоновски, човекот кој заедно со своето семејство е заглавен во Киев.

“Вечерва ќе зборуваме ексклузивно со Сашо кој е Македонец во Киев, женет е со Украинка. Кличко, графдоначалникот на Киев потврди дека никој не може да го напушти градот затоа што е опколен.” – започна Милош.

Сашо Андоновски кажа дека состојбата таму е алармантна, тие навреме се обратиле до македонската амбасада но од таму добиле информација дека ќе бидат евакуитани. До овој момент Сашо не е контактиран од амбасадата.

“Лошо сме исплашени сме, се криеме и преживуваме буквално. Во Киев сум. Останав затоа што ние се обративме во амбасадата коха прогласија воена состојба, не запишаа и ми рекоа да почекаме два дена списокот е готов ние ќе ве евакуираме. Ја сам му се јавив на амбасадорот. Ние не знаевме што ќе биде, на 24 сабајлето одма почна и јас прво се јавив во амбасада.

Немаше ништо не бевме информирани, јас лично не бев информиран, немаше тензии. Секој ден можеби по десет пати дневно има сирени за воздушен напад, се слушаат експлозии и деонации. Станот не го напуштаме, сега сме во полициски час, трае два и пол дена, но имаме за јадење тоа што имаме залихи што ни останало. Во Киев водата не се пие, вода имаме тоа што сум собрал, сум наполнил шишиња, сум купил. Залихите завршуваат не се знае што ќе биде сабајле.

Од градоначалникот имаше соопштение дека може да пукаат обични луѓе.

Моите деца се 17 години. Тешко е, населбата нема никакви скривници и во текот на ноќта почнуваат сирени иде воздушен напад и сите трчаме во ходник и се криеме кај што сметаме дека е најбезбедно. И така секоја вечер.

Ретко се гледаме со комшиите, претежно Киев е составен од луѓе од други градови. Полошо е од Авганистан… ” – потресено раскажува Сашо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…