(Видео+фото) Граѓани добиваат сметки за струjа над 700 евра, плаќаме неколкукратно поскапа струја од Европа

t

Анализа на сметките за струја во Македонија и Европа, покажа дека сметките за струја кај нас се неколкукратно повисоки. На граѓанин од Македонија му стигнала сметка од 700 евра за струја, (41 000) а во Швајцарија толку плаќа за струја во текот на целата година.

Истиот граѓанин претходниот месец добил сметка од 14 ооо денари. Од ЕВН објаснуваат дека станува збор за некакв порамнувања, односно, не си го читале редовно саатот па му наплатиле и за изминатите месеци.
Илковски коментираше дека толку голема сметка за струја може да плати само ако некој краде од него.

И не е само тој, многу граѓани во Македонија реагираат на високите сметки кои се скоро дуплирани. Зголемувањето на струјата кое требаше да биде 10%, всушност е дури 50%.

Кога беше одлучено за поскапувањето Владата тврдеше дека го спасила народот од поголемо поскапување, за на крај за излезе токму она што го збореше народот.

За споредба, во Франција се 20-30 евра. Во Италија, сметката е 9 евра.

Илковски потенцираше дека не се само сметките за струја, туку поскапувањето расте во сите сфери заедно со стапката на инфлација.

„Ние овдека не треба да збориме сметки за струја туку за севкупно поскапување и колку е инфлацијата. Ние имаме инфлација, аз жал, дури и видов една дама од опозицијата која кажа дека инфлацијата е 6,7%. А луѓето се бунтуваат, и самите се свесни дека основните продукти се по 40% – 50% поскапи. За неполна година маслото од 80 дојде на 140. Значи сакам да кажам дека они не лажат кога ќе кажат 6.7%., отишле цените нагоре за широка потрошувачка. Ама магацините се преполни со мебе, чевли, облека, која стои, и кумулативно се се пресметува. А ти треба да пресметаш колку е цената на лебот, на струјата, на мелкото, маслото, месото… Па сите гледаме колку е отидено, па дури и краставицата. Ние сите чувствуваме дека 20-30 е инфлацијата“, коментираше Илковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов

Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…

Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…

Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…

(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…

Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…

(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…

Не е навреда ако навредува премиерот, без…

Вечерва во 21.30 часот „Тешки муабети“ со…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…