(Видео+фото) Необична драма во Грција: Поврeдeн кит се појави на плажа, луѓето го спaсија
Млад повреден кит се појави на плажата во познатото грчко одморалиште Алимос во Саронскиот залив, недалеку од Атина. Китот беше тешко повреден, но луѓето успеаја да му дадат лекови и да му ги залечат раните, а грчките власти ги повикаа сите да пријават ако повторно го видат, за да ја следат неговата состојба.
Првичните проценки врз основа на крвни тестови и ветеринарни прегледи покажаа дека состојбата на китот е критична, бидејќи имал тешка повреда на долната вилица, неколку површни повреди на телото, а боледувал и од дехидрација, анемија и леукопенија.
Волонтери и грчкиот центар за грижа и спасување на морски цицачи „Арион“ по детален преглед му дале лекови, па состојбата му се подобрила.
Неговата состојба ќе се следи со помош на грчките власти и крајбрежната стража, но и бродарите кои се поканети да пријават кога ќе го видат.
Колку труд и грижа покажале волонтерите и грчките власти за да го спасат китот, може да се види на видеото каде еден од волонтерите тивко му пее на китот за да го смири додека ветеринарите го прегледуваат. Обидите да му се помогне на китот ги следеле голем број граѓани од плажата.
Од Министерството за поморство соопштија дека со помош на ветеринари, приватни чамци и патролен чамец китот по подобрувањето на состојбата бил префрлен во подлабоките води, но било забележано дека повторно се доближил до јатото, веројатно затоа што состојбата не му е добра.
Тој објасни дека се работи за животно кое живее во големи длабочини и дека секој престој во плитка вода значи дека китот трпи и ја влошува состојбата, пишува Спутник Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград ѝ се заблагодари на Грција за…
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…
Земјотрес од 4,8 степени на третиот крак…
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според…
Вереницата на синот на Трамп ќе биде…
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли…
Грција е втора земја по директни странски…
Грција е втора земја по странски директни…