(Видео+фото) Протeстите продолжуваат: Камионџии го блokираа и главниот граничен премин меѓу Канада и САД
Покрај затворањето на виталната трговска рута меѓу Соединетите Држави и Канада преку мостот Амбасадор, камионџиите кои се противат на задолжителната вакцинација против Ковид-19 го блокираа и главниот канадско-американски граничен премин во провинцијата Манитоба.
Според „Би – Би-Си њуз“, преминот бил блокиран изутрината по локално време.
Протестите во главниот град Отава се одржуваат од крајот на јануари. Од понеделникот вечерта, камионџиите го затворија сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор, рута што се користи за снабдување на производителите на автомобили и земјоделски производители во Детроит.
Повеќе од две третини од 650 милијарди долари годишно канадска трговија меѓу Канада и Соединетите Држави се транспортираат по пат.
Блокадата на мостот, еден од најфреквентните гранични премини на континентот, предизвика недостаток на делови во фабриката на автомобилскиот производител „Стелантис“ во Виндзор, Онтарио, а погодени се и „Форд“ и „Тојота“, наведуваат Ројтерс.
Некои од демонстрантите протестираа и на меѓународниот аеродром во Отава, поради што некои летови беа одложени.
Полицијата во Отава вети дека ќе преземе построги мерки за да го прекине протестот на демонстрантите кои излегоа на главната улица во центарот на градот, каде се наоѓаат владините згради, зградата на парламентот и резиденцијата на канадскиот премиер Џастин Трудо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Чарлс Трети во посета на Канада во…
Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга…
Трамп ќе учествува на самитот на Г7…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на…
Канадскиот премиер во вторник ќе се сретне…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…