(Видео) Агелер даваше изјава на македонски јазик на ГП Богородица
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица” по која дадоа изјави.
Интересно е што Агелер во оваа прилика зборуваше на македонски јазик. Ја започна својата изјава на македонски, а потоа продолжи на англиски јазик.
Изрази гордост и задоволство од исклучителната соработка меѓу САД и Република Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски.
Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Македонија на 8 ноември 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…
Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…